ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Стопанска банка АД Скопје беше во фокусот на инвеститорите

Акцијата на Стопанска банка АД Скопје беше во фокусот на инвеститорите

Акцијата на Стопанска банка АД Скопје вчера се најде во фокусот на инвеститорите со промет од 2.67 милиони денари, вкупна количина од 2.786 акција и учество од над 28 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 9.399.134 милиони денари.

Со истргувани 235 акции по просечна цена од 10.891,57 денари, со раст на вредноста од 0,01%, акцијата на НЛБ Банка се најде на второто место на листата на “милионери”.

Над милион денари имаа промет и акцијата на Алкалоид АД Скопје 2.31 милиони денари и истргувана количина од 416 акција.

Најголем раст на вредноста од 9,94% со просечна цена од 1.184 денари при истргувана количина од само 15 акции забележа акцијата на Уни Банка АД Скопје.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад на вредноста од 0,33%, и изнесуваше 2.222,56 индексни поени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП