8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВенецуела се приближува кон инфлација од 2000 проценти

Венецуела се приближува кон инфлација од 2000 проценти

Николас Мадуро, претседател на Венецуела, е длабоко непопуларен. Четири од пет Венецуелци смета дека неговата влада работи лошо. Тие се во право.

Нивната земја, која има повеќе докажани резерви на нафта од Саудиска Арабија, со население од само 31 милион луѓе и завидна географска положба, е во најдлабока рецесија во светот, со редици за леб како во советските времиња, со недостиг на основни лекови и драматичен пораст на негативни показатели, како што се смртноста на доенчињата и маларијата.

Инфлацијата се движи кон повеќе од 2.000 отсто следната година. Локалната валута, боливар,задржа само 0,8 отсто од својата вредност во однос на доларот во изминатите пет години. Владите отворено ги опишуваат последните потези на претседателот Мадуро за узурпирање на избраното Национално собрание како закана за демократијата и за регионот. Зошто тој се уште е на власт? Мадуро треба да се заблагодари на неговиот претходник за неговиот опстанок.

За време на неговото 14-годишно претседателствување, Хуго Чавез систематски ги ослабе сите клучни институции во државата, притискајќи ги да работат во корист на владејачката партија,така што промена и доаѓање на власт на влада предводена од опозицијата стана невозможна работа.Уставниот суд на Венецуела, судството и вооружените сили се до различен степен под контрола на претседателот. Само една институција остана независна, а тоа е Националното собрание. Таа е контролирана од опозицијата по силната промена во гласовите во декември 2015 година

Но, тоа не е навистина важно за Мадуро. Тој може да побара од нему лојалниот Уставен суд да отфрли се што бара Собранието. Слично како со референдумот против Мадуро што изгледаше дека ќе успее и дека ќе стави крај на неговото владеење минатата година, но тоа не се случи бидејќи друга институција, изборниот совет, ја заврши валканата работа на претседателот со одложување и блокирање на гласањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП