26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Растот на македонската економија ќе биде 2,9%

ЕК: Растот на македонската економија ќе биде 2,9%

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто.

Во прогнозата пишува дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не може да се стабилизира. Побарувачката, увозот и извозот остануваат стабилни.

Европската комисија објави пролетна прогноза за државите членки на ЕУ, за Западен Балкан, за САД, Индија и за Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП