22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија за првпат ќе се одржи саем за банки и финансиски...

Во Македонија за првпат ќе се одржи саем за банки и финансиски институции

Саем за банки и финансиски институции за првпат ќе се одржи во периодот од 12 до 14 мај 2017 година, во трговскиот центар Сити мол Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најновите понуди за сите банкарски и осигурителните производи во Македонија и да ја одберат најповолната опција за инвестирање.

Претставниците од институциите кои ќе учествуваат на настанот Денови на финансии, освен презентација на своите актуелни производи и полиси, ќе се  трудат да одговорат и на сите прашања на посетителите на саемот.

На настанот ќе бидат присутни и претставници од Народната банка на Република Македонија со цел придонес кон зајакнување на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.

„Нашата цел е Денови на финансии да прерасне во најпосетуван настан од областа на финансиите во нашата земја, каде посетителите ќе имаат можност на едно место да ја разгледаат целокупната понуда на финансиски производи и да побараат совет од претставници на институциите со кои се заинтересирани да воспостават соработка и да донесат најдобра финансиска одлука за својата иднина. Од друга страна, учесниците имаат можност  преку презентација на својата понуда да имаат транспарентен пристап до своите клиенти. Резимирано, планираме во иднина настанот да биде ‘финансиски супермаркет’ за граѓаните од Република Македонија“, рече Филип Чижбановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП