22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole забележа раст на профитот од речиси четири пати

Credit Agricole забележа раст на профитот од речиси четири пати

Француската банка „Credit Agricole“ забележа скок од речиси четири пати на профитот во првиот квартал, продолжувајќи напред со сложеното реструктуирање на односите меѓу акционерите и компанијата мајка и освојувајќи ја зголемената трговска активност, соопштува „Ројтерс“.

„Credit Agricole“ чија единица за управување со средства „Amundi“ го купува конкурентот „Pioneer Investments“ од „Unicredit“ за 3,6 милијарди евра, соопшти дека нето добивката скокнала до 845 милиони евра од 227 милиони евра во претходната година, кога резултатите беа погодени од трошоците за реструктуирање.

Приходите се зголемени за 24% до 4,7 милијарди евра како резултат на силниот квартал за бизнисот поврзан со пазарите на капитал, забележа раст од 17%, и обновување на француското банкарство на мало.

Банкарство на мало на „Credit Agricole“ исто забележа раст на приходите од 8% поради повисокиот обем на такси за реструктуирање на кредитите и посилен раст на кредитите.

„На глобално ниво би требало да имаме приходи (на банкарство на мало) за целата година, кои повеќе или помалку ќе бидат стабилни“, рече главниот финансиски директор Жером Гриве пред новинарите.

Банката соопшти дека посилниот раст на приходите на групата се одразува на подобрувањето на економската активност на главните европски пазари на групата, но пред сè – стабилноста на универзалниот, фокусиран на клиентите на банкарскиот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП