ЕУ ја одобри одлуката за либерализација на визниот режим за граѓаните на Украина, соопшти Гулф Тајмс.
Одлуката била потврдена од Советот на ЕУ. Информациите беше објавена од комесарот за миграцијата Дмитрис Аврамопулос.
ЕУ и Украина потпишаа договор за асоцијација во 2014 година. Украинските граѓани сега ќе имаат право на престој во ЕУ до 90 дена во текот на 180 дена.
Украинците ќе имаат можност да патуваат во ЕУ само со биометриски пасоши.
Од Европскиот совет соопштија дека тоа е „важен развој, кој ги зајакнува односите меѓу ЕУ и Украина”.
Се очекува Европскиот парламент да ја прифати усвоената регулатива и таа да влезе во сила по 20 дена.