17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако изгледа среќното работно место

Како изгледа среќното работно место

Сигурно постои, но не е вообичаено во нашите простори. Затоа драги работодавци, еве што треба да направите за вашите вработени да работат на среќно работно место.

Исплата на плата навремено

Немојте да доцните со платата и да ја намалувате без оправдана причина и претходен разговор со вработениот.

Бидете пример за своите луѓе

Вие морате да бидете авторитет за луѓето кои работат за вас. Оној кој брзо и лесно ги решава проблемите. Оној кој стои зад вработените и ги води во работата со целиот свој труд.

Бирајте „нормални“ вработени

За работната атмосфера да биде весела и позитивна избирајте луѓе кои се оптимистични, тимски ориентирани, имаат емпатија кон другите, не се некои „лудаци“ кои своите фрустрации ги исфрлаат кон другите и сл.

Обезбедете удобно работно место

Обезбедете ведри и весели бои во канцелариите, удобни столчиња, пространи бироа, свеж воздух, клима, топли напитоци, цвеќе, тивка музика…. така и вие ќе уживате.

Нека работното време биде флексибилно

Овозможете им на вработените да не бидат робови од 8 до 4, дадете им можност креативно да се изразуваат кога тие сметаат дека тоа е најдобро, дозволете им одмор, релаксација, па дури тогаш тие ќе бидат најпродуктивни.

Дајте им шанса за напредок на најдобрите

Не и давајте напредување на вашата љубовница, туку на тој кој заслужува, а останатите кога ќе видат дека со работа се стигнува до напредок, ќе бидат стимулирани да работат уште подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП