26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоЕ остана да чека пред парламентарните избори

ВоЕ остана да чека пред парламентарните избори

На последното рочиште пред предвремените парламентарни избори во Велика Британија во јуни Англиската централна банка (ВоЕ) ја остави својата основна каматна стапка непроменета на рекордно ниско ниво од 0,25 отсто, објави „Bank of England“.

Решението е целосно очекувано од економистите. Само членот на Бордот на банката Кристин Форбс гласала за покачување до 0,5 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Непосредно пред предвремените избори на 8-ми јуни една промена во монетарната политика би била многу неочекувана и би се одразила негативно на пазарите.

Обемот на програмата за купување на хартии од вредност за поддршка на конјуктурата во износ од 435 милијарди фунти, исто така, останува непроменета.

Банката ја намали својата основна каматна стапка до досегашното ниво малку по гласањето за „Brexit“ во минатото лето. Решавачки за тоа беа стравувањата за британската економија, кои сепак барем засега не се оправдуваат целосно.

Сепак во последните месеци има знаци за слабост. Вистинските податоци покажуваат дека британското индустриско производство се намалува во март трет месец. Генерално економијата ја губи брзината на проширување во првиот квартал.

Освен тоа и фунтата губи голем дел од својата вредност од референдумот па наваму, што предизвика раст на инфлацијата.

Премиерот Тереза ​​Меј закажа изненадувачки парламентарни избори за 8-ми јуни. Со една стабилна победа таа би ги зајакна позициите во преговорите за излез на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП