18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва Јана Бурчевска ќе ја претстави Македонија на Евровизија

Вечерва Јана Бурчевска ќе ја претстави Македонија на Евровизија

Македонската претставничка на овогодинешниот Евросонг, Јана Бурчевска вечерва ќе настапи на втората полуфинална вечер.

Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта,Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија,Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на Македонската Радио-телевизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП