13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за обука за вработување на долгорочно невработени лица од социјален ризик

Проект за обука за вработување на долгорочно невработени лица од социјален ризик

Проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот“, финансиран од ЕУ, ќе врши обука на долгорочно невработени лица од социјален ризик вклучување во социјалниот и економскиот живот. Проектот е во организација на Црвениот крст на РМ и Занаетчиската комора на град Скопје.

„ За вклучување на пазарот на трудот на социјално ранливи групи кои се евидентирани и како лица кои се подолгорочно невработени Министерството предлага и имплементира мерки, активности, закони и стратегии кои се однесуваат на регулирањето на работните односи и нивно подобрување, како и обезбедување социјална сигурност на лицата во социјален ризик. Социјалната инклузија и економското зајакнување на лицата во социјален ризик се интегрирани пред сè во рамките на бројните оперативни програми и мерки коишто се спроведуваат години наназад и коишто даваат особени резултати“, рече министрот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими

„Проект претставува дополнителна можност за Црвениот крст да го сврти вниманието на јавноста кон активности кои придонесуваат за исполнување мисија за помош и поддршка на ранливите групи граѓани во Македонија.  Од големо значење е тоа што овој проект обезбедува и психосоцијална поддршка на корисниците со цел зајакнување на капацитетите за личен раст и развој, но и поддршка на нивните семејства, прилагодени на нивните потреби, користејќи ги сите расположливи ресурси во заедницата“, вели енералниот секретар на Црвениот крст на РМ, Саит Саити.

Во Македонија, според официјални податоци, стапката на сиромаштијата кај невработените е висока, односно од сите евидентирани сиромашни лица процентот на невработени е висок. Според него, врската за решение на невработеноста и сиромаштијата е поврзана и дека едниот проблем влијае врз решавање на другиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП