4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиска берза: Акциите растат, расте цената на нафтата

Азиска берза: Акциите растат, расте цената на нафтата

Азиските берзански индекси се зголемија, и тоа главно благодарение на зајакнувањето на енергетскиот сектор, кој е управуван од страна на високите цени на нафтата, додека американската валута, по четири дена на континуирано зајакнување, малку ослабна.

Индексот на токиската берза Никеи од околу 7,00 часот забележа зголемување од 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја се зголеми помеѓу 0,2 и 0,8 отсто.

Берзанските индекси во Сингапур и Шангај паднаа од 0,1 до 0,3 отсто, додека индексот MSCI на акции од Азија-Пацифик, совен на Јапонија, околу 7,00 часот по локално време беа во добивка за 0,3 проценти.

Најголем дел од зголемувањето е забележано кај цените на акциите во енергетскиот сектор, кој благодарение на порастот на цената на нафтата.

„Минатата недела залихите на сурова нафта паднаа за повеќе од 5 милиони барели, што е највисоко за оваа година. И се чини дека намалувањето на производството во земјите членки на ОПЕК, конечно, дава резултати”, вели стратегот на Акситрејдер (AxiTrader), Грег Мекена.

Откако вчера цената на нафтата се зголеми за повеќе од три проценти, барел нафта од пазарот во САД ја достигна цената од 47,55 долари.

И цената на сурова Брент нафта се зголеми за 0,4 отсто и моментално се тргува за 50,45 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП