12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПарите не се секогаш вистинската мотивација

Парите не се секогаш вистинската мотивација

Вработените ги разбираат и знаат да ги обават задачите кои им ги давате, бидејќи за тоа ги плаќате, но тоа не значи дека тие тоа секогаш ќе го прават, бидејќи освен парите, вработените имаат потреба и постојано да бидат охрабрувани и пофалени за квалитетно обавената работа.

„Тие за тоа добиваат плата, зарем им е потребна и дополнителна мотивација и пофалба за добро да ја одработат својата работа?“ е прашањето кое си го поставуваат многу менаџери и шефови. Таквиот начин на размислување нема да ве одведе далеку.

Многу анкети покажале дека парите не се основниот и вистинскиот мотиватор за повеќето вработени лица меѓу 18 и 40 години, а она што било истакнато е – заблагодарувањето за добро обавената работа, обавување на работи кои на вработените им даваат чувство на независност, пофалбите на само и пред сите колеги, како ситни знаци на внимание во знак на благодарност. Ако се прашувате како ќе дознаете што посебно ги мотивира вашите вработени, одговорот е крајно едноставен – прашајте ги.

Запаметете дека основната пречка за да дознаете што вашите вработени мислат или чувствуваат не е генерацискиот, туку комуникацискиот јаз. Седнете со секој од своите вработени и прашајте ги што тие сакаат во врска со својата работа. Откако ќе дознаете што ги мотивира, доследно искористете ги тие нешта за да ги мотивирате вашите вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП