19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе се бори за трансформирање во енергетски центар

Грција ќе се бори за трансформирање во енергетски центар

Трансформирање на Грција во енергетски центар е една од стратешките цели кои Владата ќе ги вметне во програмата за развој на енергетиката. Тоа го коментира ресорниот министер Јоргос Статакис, цитиран од грчката новинска агенција „Ana Mpa“.

Во плановите се предвидуваат уште и активности, со помош на кои производството на електрична енергија во земјата ќе биде во согласност со обврските за борба со климатските промени, како и со локалните климатски особености.

Земјата ќе работи уште за диверзификацијата на енергетските текови и поврзување, како и во развојот на енергетското производство и безбедноста на снабдувањето.

Статакис коментира дека има „многу конструктивен“ дијалог со сите партии во однос на новата енергетска стратегија на земјата и има широк консензус во однос на поставените цели.

Од опозициската партија „Нова демократија“ сепак забележуваат дека досега водените дискусии во енергетската сфера не ја земале во предвид геополитиката. Турција на пример воопшто не била вклучена во сметките.

Според претставниците на другите помали партии во грчкиот парламент одговорот на турските провокации кон земјата во последно време е токму во енергетиката. Грција и Кипар треба да бидат земјите кои се задолжени за енергетската безбедност, дополнува „Ana Mpa“.

Енергетиката е едно од полињата во кои Атина имаше длабоки несогласувања со доверителите. Институциите очекуваат намалувањето на државниот монопол во секторот, а Владата се противи на продажбата на активата. На крајот Грција ќе мора да продаде дел од централите на јаглен.

Оваа одлука сепак дојде неколку дена откако Европската комисија утврди нови строги граници на емисиите од горивните инсталации што може да ги стави под знак прашање трансакциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП