9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко често земате бруфен, би требало да го знаете ова

Ако често земате бруфен, би требало да го знаете ова

Високите дози на широко достапните аналгетици, како ибупрофен (бруфен), го зголемуваат ризикот од срцев удар, покажа најновото истражување.

Научниците во извештајот објавен во магазинот British Medical Journal пишуваат дека пациентите на кои им се препишани нестероидни антиинфламаторни лекови биле во поголем ризик за проблем со срцето во наредните месец дена. Тоа се однесувало на ибупрофенот (или познат како бруфен), диклофенак, напроксен и целекоксиб.

Истражувачите велат дека оние кои земаат големи дози – околу 1.200 мг ибупрофен дневно, се во најголем ризик.

Иако ризикот од срцев удар е мал, сепак експертите велат дека поради широката распространетост на овој лек, секое внимание е оправдано.

Тие советуваат да се земаат најниските можни дози од овие лекови и тоа во краток период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП