6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија шанса за сите: Работа со само еден услов

Во Германија шанса за сите: Работа со само еден услов

Според извештајот кој го објави институтот за истражување на вработувањето (IAB), во Германија никогаш претходно немало повеќе отворени работни места отколку сега.

Во првите три месеци од 2017 година работодавците барале 1,064 милиони работници, што е за 9.000 повеќе отколку во последниот квартал од 2016 година, кој досега го држеше рекордот, пренесува АФП.

IAB својата проценка ја темели на одговорите од 8.000 работодавци од сите економски сектори. Околу 77 проценти од сите отворени работни места се наоѓаат во западна Германија. Околу две третини (64 проценти) од тие работни места од потенцијалниот вработен бараат само да има завршено некој занает, додека само 16 проценти бараат високообразовани работници. Останататите 20 проценти од работниците не очекуваат никакво посебно образование.

Моментално малите и средни компании пред се бараат специјализиран персонал со занает, изјави истражувачот на IAB, Александер Кубис.

IAB прогнозира дека во мај во Германија стапката на вработеност исто така ќе биде рекордно висока, речиси 45 милиони, што е пораст од 670.000 во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП