19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на невработени во Хрватска најнизок од 1990-та

Бројот на невработени во Хрватска најнизок од 1990-та

Во Хрватска на крајот на април биле регистрирани 204,316 невработени лица, што е за 8,8 проценти помалку на месечно, а 19,7 проценти на годишно ниво, објави Хрватскиот завод за вработување (HZZ), чии податоци покажуваат дека невработеноста прв пат од 1990 година е помала од 200 илјади.

Април е третиот последователен месец со пад на бројот на врaботени на месечно ниво, најмногу под влијание на сезонските движења, односно вработувањата во туризмот и угостителството. Дневните податоци на HZZ покажуваат дека и во мај се продолжува намалувањето на бројот на невработени – во моментов невработени се 195,918 лица, а објавени се 20,619 слободни работни места.

Министерот за труд и пензиски систем Томислав Чориќ на конференцијата за новинарите се пофали со моменталната состојба на пазарот за труд на кој има 26.000 повеќе вработени отколку лани во исто време, а во однос на април 2015 година таа бројка се искачи на 53.000.

„Во овој момент имаме 1,475 милиони осигуреници во HZMO, а прв пат од 1990-та година бројот на невработените опадна под 200,000, на 195,917 лица“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП