1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија „чешла“ компании фантоми во Малта

Германија „чешла“ компании фантоми во Малта

Германските власти соопштија денеска дека испитуваат околу 2.000 компании „фантоми“, регистрирани во Малта, од кои некои се поврзани со големи германски компании, осомничени за даночни измами.

Истрагата е започната врз основа на информации од анонимни извори, пренесуваат светските агенции.

„Во листата има филијали на големи германски компании“, изјави во Берлин министерот за финансии во владата на Северна Рајна-Вестфалија, Норберт Валтер-Борјанс.

Веќе неколку години провинцијата е на чело во борбата против даночните измами на Германци, кои вложиле пари во странство – во Швајцарија, Лихтенштајн и други земји, за да избегнат плаќање на давачки во Германија.

Според министерот има силни сомневања дека овие компании во Малта се поврзани со германски компании, а имаат врска со затајување данок, особено преку користењето на фирми, наречени „поштенски сандачиња“ – фиктивни компании, чија цел е да се прикриваат финансиските трансакции.

На крајот на април Северна Рајна-Вестфалија добила од анонимен информатор диск со податоци, вклучувајќи листа со 70.000 претпријатија регистрирани во Малта – европска земја, често обвинувана дека е даночен рај.

Од овие 70.000 компании меѓу 1.200 и 2.000 се поврзани со германски компании, посочува министерот.

Од 2006-та година властите во неколку германски покраини, меѓу кои и Северна Рајна-Вестфалија, добија од анонимни извори дискови и мемориски стикови, кои содржат информации за лица осомничени за измама.

Благодарение на овие украдени податоци во 2010-та година германските даночни власти си вратија 1,6 милијарди евра од даночните измамници.

Овој метод предизвика полемика во Германија и влоши односите со Швајцарија, која падна во видното поле на германските даночни власти.

Во моментов Германија сомнева Швајцарија дека се обидела да се спротивстави на нејзината стратегија за борба против даночните измами, така што ги шпионира германските истраги.

Во почетокот на мај германските власти приведоа во Франкфурт 54-годишен швајцарски државјанин осомничен дека успеал да навлезе во даночната администрација на Северна Рајна-Вестфалија, каде што врбувал „крт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП