19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Сепак е прерано да се прогласи успех

Драги: Сепак е прерано да се прогласи успех

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги соопшти дека се намалени ризиците кои се закануваа на јакнењето на економијата на еврозоната.

Меѓутоа, како што кажа, сеуште е рано да се прогласи победа и да се започне со укинување на стимулативните мерки.

Марио во обраќањето пред холандските пратеници изјави дека најновите податоци потврдуваат дека закрепнувањето „станува се поцврсто“ и дека ризиците се намалени.

„Сепак, прерано е да се прогласи успех“, изјави Драги и истакна дека подобрените прогнози на банката подразбираат полна примена на стимулативни мерки.

ЕЦБ ќе продолжи да откупува обврзници во вредност од 60 милијарди евра месечно до крајот на годината, а и подолго ако биде потребно.

Банката ја задржа референтната каматна стапка на нула проценти иако е забележан економски раст.

Стимулативната програма на ЕЦБ предизвика критики кај просперитетните земји на Европа, како што се Германија и Холандија.

Еврозоната во првиот квартал забележа раст од 0,5 проценти, а невработеноста опадна на 9,5 проценти, но со големи разлики меѓу земјите. Инфлацијата порасна на 1,9 проценти, што е во склад со целта на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП