10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците: Пoвеќе не можете да работите кај нас

Швајцарците: Пoвеќе не можете да работите кај нас

Швајцарската влада одлучи да воведе ограничувања на издавањето на работни дозволи за романските и бугарските граѓани поради порастот на миграција од тие земји.

Тие се повикаа на клаузулата од овој договор со Европската унија.

Таа клаузуа е дел од билатерлниот договор со ЕУ за слободата на движењето и и овозможува на Швајцарија, која не е членка на европскиот блок, да воведе привремени квоти на работните и дозволите за престој, пренесува агенцијата Франс прес.

Според тој договор, Швајцарија има право до 2019 година да воведе квоти за романските и бугарските граѓани, доколку регистрира скок од десет проценти или повеќе во бројот на изададени дозволи во однос на претходниот тригодишен просек.

Во 2016 година, нето миграцијата од овие две земји изнесувала 3.300 лица, што е два пати повеќе во однос на бројот регистриран во 2015 година.

Затоа швајцарската влада одлучи да ја „активира заштитната клаузула“.

Само 996 долгорочни работни и дозволи за престој ќе им бидат на располагање на граѓаните од споменатите две земји во наредната година, соопшти швајцарската влада, додавајќи дека системот на квоти ќе стапи на сила од 1 јуни.

Квотите нема да се менуваат за краткорочните дозволи за престој кои се пократки од година дена, соопшти владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП