4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје го продолжува успешниот тренд- добивка од 11 милиони...

Стопанска банка АД Скопје го продолжува успешниот тренд- добивка од 11 милиони евра за првиот квартал

Успешниот тренд на работењето на СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) е евидентен и во првото тримесечие од 2017 година, кој е резултат на воспоставената деловна политика и бизнис план на Банката, прилагодени на економското опкружување и апетит за ризик, при тоа водејќи приоритет за стабилноста, ликвидноста и солвентноста на Банката.

Во текот на првото тримсесечие се остварија следните позначајни резултати: Нето добивката на СБ изнесува 669.233 илјади денари и истата е повисока за 3,06 % во однос на истиот период од предходната година.

Нето приходите од камати изнесуваат 912.871 илјади денари, што претставува зголемување за 3,95% во однос на истите во споредба со анализираниот период, при што приходите од камати забележаа пад од 0,79% додека каматните расходи се пониски за 43.588 илијади денари, односно 17,97%.

Нето приходите од провизии и надомести забележаа пораст од 3,82%, пред се како резултат на нето провизиите од услугите во сферата на платниот промет, кредитните и картичните производи.

Нето приходите од тргување изнесуваат 554 илјади денари и истите се повисоки за 36,79% во однос на истиот период од минатата година, додека нето приходите од курсните разлики изнесуваат 36.638 илјади денари, што претставува зголемување од 35,41%.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 5.280 илјади денари, односно 4,54%, додека останатите расходи од дејноста беа повисоки за 17.560 илјади денари, односно 7,27%.

Трошоците за вработени на СБ забележаа благ пад од 1.304 илјади денари и истите изнесуваат 192.258 илјади денари.

Во првото тримесечие СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од 133.694 илјади денари и истата е повисока за 9.696 илјади денари во однос на првиот квартал од 2016 година.

Истовремено, Банката евидентираше загуба поради оштетување на нефинансиски средства на нето основа во износ од 9.219 илјади денари, што е помалку за 3.072 илјади денари во однос на минатиот анализиран период поради пониските трошоци за оштетување.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП