8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК повика на брзо усвојување на предлозите од областа на дигиталниот единствен...

ЕК повика на брзо усвојување на предлозите од областа на дигиталниот единствен пазар

Европската комисија објави преоден преглед на стратегијата за дигиталниот единствен пазар во кој прави преглед на напредокот, а ги повикува законодавците кон брзи дејствија по веќе донесените предлози и конципирањето на плановите за понатамошни дејствија на онлајн платформите, економијата заснована на податоци, и сајбер безбедноста, се вели во соопштението од прес-службата на Европската комисија.

Андрус Ансип, заменик-претседателот на Комисијата задолжена за дигиталниот единствен пазар, изјави: Комисијата го исполни ветувањето и ги претстави сите основни иницијативи за изградба на единствениот дигитален пазар.

Сега е ред на Европскиот парламент и на земјите членки да ги донесат овие предлози што е можно побрзо, за да се активираат бизниси и иновациите и да се откријат нови работни места во цела Европа.

Планираме по две години да ја надградиме стратегија кооја носи нови предизвици и технологии. Неопходно е инфраструктурата да гарантира сајбер безбедност, да ги опфати сите делови на ЕУ, и да може секој и секаде да ги користи безбедно предностите на широкопојсната интернет врска.

Веќе имаме договорени солидни правила на ЕУ за заштита на личните податоци – сега треба да го направиме неопходното, за да можат неличните податоци да се разменат слободно, па да имаме врска со интернет автомобили и услуги на електронското здравство. Имаме потреба од висок облик на технологии, но и од работна сила со добри дигитални вештини, за да извлечеме максимална корист од економијата заснована на податоци. Секоја од овие области е од фундаментално значење за дигитална иднина на Европа.

Според податоците од најавеното денес ново истражување на Евробарометар две третини од Европејците сметаат дека употребата на најновите дигитални технологии има позитивно влијание врз општеството, економијата и нивниот сопствен живот. Повеќето од испитаниците очекуваат ЕУ, земјите членки и претпријатијата да преземат акција за да се справат со проблемите кои ги предизвикува дигитализација (на пример влијанието врз работните места и потребата од подобри дигитални вештини).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП