26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчки суд ги оцени новите намалувања на пензиите за неуставни

Грчки суд ги оцени новите намалувања на пензиите за неуставни

На пленарна седница на Државниот ревизорски совет одлучи дека кратењата на основните и дополнителните пензии кои грчката владата и нејзините кредитори ги догоговорија, ја нарушуваат Европската конвенција за правата на човекот. Ова го соопштија извори доцна во вторникот вечерта, пишува електронското издание Ekathimerini.

Советот исто така одлучи дека фискалниот закон со поставените кратења кои ќе биде применети од 2019 година, е спротивен на грчкото законодавство, бидејќи е доведен во ревизорскиот совет без актуарска студија.

Предлог-законот за намалување на пензиите и примена на други мерки договорени со кредиторите ќе биде изгласан во Парламентот следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП