19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарските ограничувања во Грција остануваат до крајот на 2018 година?

Банкарските ограничувања во Грција остануваат до крајот на 2018 година?

Грчките банки можат да поминат барем три и пол години со ограничувања над активностите, тврди грчкото издание „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори. Според нив контролата на капитал може да биде укината најрано кон крајот на 2018-та година.

Контролата на капитал кај јужниот сосед беше воведен во текот на летото на 2015-та година, кога Грците масовно ги повлекуваа своите заштеди, исплашени од несигурноста при преговорите меѓу владата и доверителите. Потоа премиерот Алексис Ципрас потпиша трет спасителен договор, но ограничувањата во целина останаа, иако некои од нив да беа ублажени.

Всушност Министерството за финансии изработи патоказ за отстранување на контрола на капиталот, но во неа нема конкретни датуми, посочува уште „Катимерини“. Во документот има само условите под кои ќе биде можно укинување на лимитите пред активностите на банките.

Тие се неколку – враќањето на депозитите, намалувањето на лошите кредити, вклучувањето на Грција во програмата за стимулирање на ЕЦБ и договор со кредиторите за долгот.

Во банкарските кругови велат дека е пореално овие барања да бидат исполнети до крајот на 2018-та година и тогаш да се премине кон елиминирање на банкарските ограничувања. На крајот на 2016-та година банките соопштија охрабрувачки податоци за раст на депозитите, но надежите за траен тренд се „стопија“ по неколкумесечните преговори за вториот преглед на спроведувањето на спасувачката програма за земјата.

Во моментов Грците имаат право да повлечат до 840 евра на секои 14 дена од своите банкарски депозити. За време на дискусијата на Грчката банкарска асоцијација беше разговарано за олеснување на овој услов и да биде дозволено повлекување на до 2.000 евра месечно од банкарските сметки.

Според „Катимерини“, сепак намалувањето на банкарските депозити во првиот квартал ќе го направи тешко усвојувањето на ова барање. Во периодот јануари – март Грците повлекоа околу 4 милијарди евра од банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП