21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Audi ќе развиваат модели на метан

Во Audi ќе развиваат модели на метан

И покрај „Дизелгејт“, шефот на „Audi“ – Рупeрт Штадлер останува еден од најголемите поддржувачи на дизел моторите. Топ-менаџерот сепак е убеден дека неговата компанија треба да се фокусира врз сегментот на автомобилите на природен гас (метан).

За изданието „Autocar“, шефот на „Audi“ ги повика властите и автомобилските производители да посветат поголемо внимание токму на моделите на метан, уште повеќе дека дизел моторите се подложени на жесток притисок поради сè поголемите еколошки барања.

„Јас не кријам дека сум приврзаник на автомобилите со „CNG“, бидејќи метанот е еколошки чист и може да се чува насекаде. Слични модели имаат поголем опсег, а полнењето им трае неколку минути. Најголемиот проблем е што тие немаат добар имиџ, покрај очигледните предности. Нивниот развој е правилна стратегија, но ни требаат големи партнери, со кои треба да се направи оваа технологија подостапна за луѓето“, објасни Штадлер.

Споменувањето на стратешки партнери од шефот на „Audi“ не е случајно. Раководството на концернот „Volkswagen AG“ веќе води преговори со рускиот гигант „Газпром“ и со американската корпорација „ExxonMobil“ токму во насока за популаризација на слични автомобили. Впрочем, „Audi“ нуди подолго време такви модели, еден од нив е хечбекот „Audi A3 G-tron“.

Штадлер исто така не криеше дека продолжува да биде голем фан на дизел автомобилите. Според него, нивните кориснички квалитети – километража со едно полнење, економичноста и вртежниот момент, се идеални за клиентите.

„И покрај трендот за преминување кон електрични, во наредните 10-15 години околу 80% од автомобилите на глобално ниво ќе бидат со бензински и дизел мотори. Затоа не треба дизелот да биде погребан предвреме“, рече уште Штадлер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП