7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои ја намалуваат желбата за слатки

5 намирници кои ја намалуваат желбата за слатки

Кога генерално ќе одлучиме да ослабиме, најтешко ни е да се откажеме од слатките. А без нив процесот на губење на вишокот килограми би бил многу побрз и поефикасен.

Затоа нутриционистите препорачуваат во секојдневното мени да вметнете некои од намирниците кои би ја задоволиле потребата за слатки, а притоа се здрави.

1. Цимет

Овој зачин со пријатен мирис и вкус, спречува нагли осцилации на нивото на глукоза, со што се регулира потребата за шеќери.

2. Јаболко

Ова е едно од најдобрите овошја за задоволување на желбата за слатки, богато со прехрамбени влакна, кои даваат чувство на ситост и ја намалуваат гладта.

3. Домат

Содржи високо ниво на триптофан, материја која телото ја претвора во серотонин, а уште побогат со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на глукоза во крвта, па е одличен сојузник во борбата против слатките грицки.

4. Пченка

Содржи високо ниво на антиоксиданти, витамини, минерали и прехрамбени влакна, поради што е повеќратно корисна.

5. Варен компир

Оваа намирница нема само да ја задоволи потребата за чоколадо, туку и организамот ќе го снабди со витамините Ц, Д, Б6 и железо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП