26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2.000 евра за секој што ќе се досели во едно планинско село...

2.000 евра за секој што ќе се досели во едно планинско село во Италија

Градоначалникот на малото планинско село Бормида во Италија нуди 2.000 евра на секој што ќе одлучи да се досели, пишува весникот Гардијан.

Селото се наоѓа на северозападот на Италија, во областа Лигурија, а во моментот во него живеат 394 жители.

Градоначалникот Даниел Галијано, во обид да го спаси местото да не стане „село на духови“, нуди и поволно сместување, 50 евра месечно за мала недвижност и 120 евра за поголема.

Одлуката би требало да ја поддржи и локалниот совет, но се чини дека малку е веројатно оти Бормида ќе подарува 2.000 евра на секој што ќе дојде.

Постот на Галијано на Фејсбук е затрупан со коментари на потенцијалните нови мештани.

Некои велат дека ќе се откажат од понудените пари ако им најде работа.

„Нема некоја работа тука. Но, животот е едноставен, имаме шуми, кози, црква и многу добра храна. Дефинитивно живот без стрес“, рече Одон Џузепе, сопственик на еден од четирите ресторани во тоа место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП