12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагло порасна продажбата на чоколадо во Индија

Нагло порасна продажбата на чоколадо во Индија

Количината на чоколадо што се продава во Индија нагло порасна за 13 отсто минатата година, покажуваат податоците на истражувачката куќа Минтел.

Трендот покажува уште и дека количината чоколадо што се продава во другите земји стагнира или дури опаѓа, а причината е промена на навиките, односно потрошувачите трагаат по поздрави опции.

Полска е единствена друга земја каде што е зголемен обемот на продажба, но таму е забележан раст од само два отсто.

Во Русија, Бразил и Кина продажбата паднала и до шест отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП