27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците може да ги добијат субвенциите

Земјоделците може да ги добијат субвенциите

Земјодeлците не мора да чекаат да се формира нова Влада за да ги добијат субвенциите. Ваква одлка донесе Уставниот по покренатата постапка за субвенциите со времена мерка. Според одлуката на Уставниот суд, нема законска пречка Министерството за финансии да не ги исплати парите наменети за субвенционирање на земјоделците пред да се формира влада.

Земјоделското здружение „Агротиквешија“ поведе иницијатива со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова Влада.

Првиот човек на Министерството за финансии, Кирил Миноски одби да дозволи исплата на налозите за субвенциите кои ги доставуваше директорот на Платежната агенција, Игор Златков.

Државата на земјоделците им должи субвенции за 2016 година, а на некои земјоделци и за 2014 и 2015 година. Вкупниот долг на државата кон земјоделците изнесува околу 90 милиони евра, кои како што изјавија одговорните, се обезбедени и се чека само дозволата на министерот за финансии тие да легнат на сметките на земјоделците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП