Без струја утре, во периодот од 06:30 до 08:00 часот ќе останат корисниците од улица „Владимир Комаров“ број 8 и дел од зграда на улица „Владимир Комаров“ број 12, во општина Аеродром.
„Без струја во периодот од 08.30 до 15.00 часот ќе бидат дел од улица „Хераклеја“ и „Мис Стон“, во општина Ѓорче Петров“ , рекоа од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во период од 09:00 до 10.00 без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Нов Живот“, „Пелагонија“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари. Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од булевар „3 Македонска ударна бригада“, дел од улица „Никола Карев“, како и улиците „Мирче Ацев“, „3 македонска бригада“ и „105“, во општина Центар.
Во периодот од 09:30 до 15:00 часот, утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улица „Фуштанска“, броеви 75, 73, 71, 69 и околината, во општина Гази Баба, додека од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кучково и улица број „2“, во општина Ѓорче Петров.
Без струја утре од 10.30 до 15.00 часот ќе останат и корисниците од село Усје, во општина Кисела Вода.