5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција ова лето не очекуваат нови цени

Во Грција ова лето не очекуваат нови цени

Храната, алкохолот, цигарите и одделни угостителски услуги поскапеа во Грција од почетокот на оваа година, па на туристите кои претстојново лето ќе се упатат кон омилената македонска дестинација сепак ќе им бидат потребни малку повеќе пари.

Стапката на инфлација, која во Грција во март порасна за 1,7 проценти, доведе до скок на цените на храната и алкохолните и безалкохолните пијалоци, тутунот, телекомуникациите, маслото и гасот за греење, превозот и другите животни трошоци, а жителите на југот од Европа можеа само да гледаат како од месец во месец цифрите на фискалните сметки се менуваат нагоре.

Како што објави грчката статистичка служба ЕЛСТАТ, најмногу поскапел превозот, и тоа за дури 8,6 проценти во однос на крајот на минатата година.

Македонските туристи кои планираа во текот на одморот да изнајмуваат автомобили, автобуси или со други превозни средства да патуваат од место во место, би требало да одвојат малку повеќе пари за оваа ставка, особено ако нивниот посакуван аранжман не е на база на сите три оброка.

Цената на храната и безалкохолните пијалоци скокна за 1,6 проценти, а прво поскапеа свежото овошје и зеленчук, маслиновото масло и кафето.

Ако македонските туристи дисциплината не може да ги оттргне од грчките вина, узото, пивата, нивните цени сигурно ќе го направат тоа. Алкохолот и цигарите неодамна поскапеа за околу 2,8 проценти, па умереноста во уживањето во овие производи не само што е здрава, сега е и исплатлива. Овие поскапувања се одразија и на рестораните и баровите, кои услугите ги наплатуваат за околу 1,7 проценти поскапо.

И покрај се, домаќините не стравуваат дека капацитетите ќе им бидат празни – според досегашните пресметки Грција минатата година ја посетиле 27,5 милиони туристи, а угостителите предвидуваат дека оваа година ќе добијат прилика да сместаат повеќе од 30 милиони посетители и со тоа по трет пат да го соборат туристичкиот рекорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП