4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПредматурска забава во МИТ Универзитет со многубројни забавни содржини и стипендии за...

Предматурска забава во МИТ Универзитет со многубројни забавни содржини и стипендии за најдобрите

Под мотото Дружи се, инспирирај и на МИТ студирај! ‒ МИТ Универзитет, минатиот петок, 5.5.2017 г., беше домаќин на забава за матурантите од скопските средни училишта и од училиштата ширум Македонија.

Настанот започна во 20.00 часот со забавна програма во Колектив бар и ресторан за која беше задолжен ДЈ Гоце Саф, по што следуваше кратка обиколка низ модерните и целосно опремени простории за изведување на наставните содржини во централното седиште на МИТ Универзитет, сместени на првиот и на вториот кат на ТЦ Сити Галери.

Забавата кулминираше со изведбите на бендовите Акустик Дивижн (Acoustic Division) и Бета Хаус (Beta House) во Колектив бар и ресторан на Плоштад Македонија, а она што побуди вистински интерес кај присутните беше интерактивниот едукативен квиз на знаење што на учесниците им донесе многубројни поволности за студирање.

Имено, заинтересираните матуранти и присутни, родени во периодот 1997 и 2000 година, имаа можност да учествуваат во интерактивен квиз на знаење и, согласно нивната тема на интерес, да одговараат на прашања. Принципот на рангирање беше едноставен – најмногу точни одговори за најкратко време. Согласно резултатите, МИТ Универзитет додели 12 стипендии, од кои 9 матуранти добија 20% попуст на студии за првата година од студирањето, 1 стипендија со 50% попуст на студии за првата година, 1 стипендија за првата година од студиите и главната награда – 1 целосна стипендија за целото времетраење на тригодишните студии.

За сите матуранти и заинтересирани студенти што се во потрага по образовни програми приспособени да одговорат на современите пазарни потреби, високостручен кадар на врвни професори и научни работници подготвени целосно да ја споделат својата експертиза на идните професионалци од областа, акредитирани факултети и развиени програми за размена и соработка со светски признаени факултети, МИТ Универзитет е вистинскиот избор за продолжување на формалното образование.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на забавата: https://www.youtube.com/watch?v=8GZXEAmMOhs

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП