19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата на стабилно ниво над 49 долари

Цените на нафтата на стабилно ниво над 49 долари

Цените на нафтата се задржаа во вторник над 49 американски долари(УСД) бидејќи загриженоста поради забавувањето на побарувачката и зголемувањето на американското производство ја придуши надежта на трговците дека ОПЕК ќе успее да внесе рамнотежа на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,43 УСД.

Значителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по 46,54 УСД.

Одвоено, ОПЕК соопшти дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во понеделник изнесувала 46,87 УСД, што значи дека пораснала 31 цент во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП