24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈа намалија невработеноста - 25 години не паметат подобро

Ја намалија невработеноста – 25 години не паметат подобро

Невработеноста во Полска во април опадна на 7,7 проценти што е најниското ниво во последните 25 години, покажуваат денес објавените официјални статистички податоци.

Невработеноста во април е пониска за 0,4 процентни поени во однос на март , а за 1,7 проценти помала отколку истиот месец минатата година.

Со пад на невработеноста исто така е забележан и раст на платите.

Премиерката Бета Шилдо изрази „огромно задоволство“ поради најновите податоци и кажа дека тоа е најниската стапката на невработеност од 1992, како и дека програмите на нејзината влада „даваат очекувани резултати“.

Полска како и многу други поранешни комунистички земји се бореше со високата стапка на невработеност во текот на 1990-тите и подоцна, кога неефикасните фабрики пропаѓаа во тешката транзиција од комунистичка на пазарна економија, наведува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП