5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчко-македонскиот гасовод ќе го гради рускиот олигарх Лебедев

Грчко-македонскиот гасовод ќе го гради рускиот олигарх Лебедев

Руски тајкун стои зад лиценцата за гасоводот што ќе ги поврзува Македонија и Грција. Според извор од ЕУ, зад грчката компанија „Виндоус интернешенел“ стои Александар Лебедев еден од најбогатите руски олигарси.

„Неодамнешната апликација за лиценца упатена до грчките власти од страна на компанијата „Виндоус Интернешенел“, зад која стојат различни интереси околу проектот што ќе ги поврзе гасоводните мрежи на Македонија и на Грција, покрена чудења и многу прашања“, пишува порталот „Енерџипрес“. Компанијата  „Виндоус Интернешенел“, според порталот нема никакво минато во енергетскиот сектор во Грција, што вклучува аларм, бидејќи овој проект е клучен во намерите на Грчката влада да стане енергетски центар во регионот.

„Виндоус интернешенел“ поднел барање до РАЕ, Регулаторна агенција на Грција, кон крајот на март за добивање 50-годишна лиценца за поврзаната грчко-македонската гасна мрежа низ која се планира да поминуваат 1,5 милијарди кубни метри гас и да се покријат околу 50 километри територија само во рамките на Грција.

DESFA, грчкиот оператор на мрежата за природен гас неодамна потпишал Меморандум за разбирање со MER ,македонскиот партнер, за изградба на гасовод од 160 километри што ќе ги поврзува северниот дел на Грција со Штип и Македонија. Овој проект ќе и обезбеди на Македонија директен пристап до постоечкиот гасен терминал на Грција .

Барањето за лиценца било поднесено од „Виндоус интернешенел“ Грција СА,, подружница на истоимена компанија регистрирана во Луксембург.

Освен што се покажало дека грчката подружница на компанијата е непознат ентитет, истражувањето покажале исто така дека  е тешко да се најдат податоци и за нејзината матична компанија, бидејќи освен адресата малку може да се дознае за неа. Подлабоко истражување сепак покажало дека Кристијан Тајлер, член на професионална организација на сметководители и Тони Баев, извршен директор на компанијата „Balkan utilities”, активна со вложувања во енергетскиот сектор, се наведени како преставници на “Виндоус Интернешенел” во регистерот за транспарентност на ЕУ.

Инаку, бизнис базата на Лебедев е во Лондон каде што ги поседува весниците „Лондон ивнинг стандард“ и „Индепендент“. Во 1995 година тој ја презел тогаш проблематичната Народната банка на Русија  која под негово водтство не само што излегла од криза туку и пораснала. Лебедев исто така има голем удел во руската компанија за електрична енергија РАО и интереси во Гаспром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП