16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија им наметнува нов данок на големите банки

Австралија им наметнува нов данок на големите банки

Петте најголеми банки на Австралија наскоро ќе се соочат со нов данок и засилена контрола, соопшти денеска австралиската Влада.

Министерот за државното богатство Скот Морисон претстави неколку буџетски мерки, истакнувајќи дека данокот цели кон зајакнување на одговорноста и конкурентноста во банкарскиот сектор. Приходите од него ќе бидат искористени за стабилизирање на буџетот.

Банките со обврски над 100 милијарди долари ќе мора да плаќаат данок од 0,06 отсто годишно врз овие обврски од 1-ви јули.

Тоа значи дека четирите најголеми банки во земјата „Westpac“, „ANZ“, „Commonwealth Bank“ и „National Australia Bank“, како и инвестициската група „Macquarie Group“ ќе и платат на владата околу 6 милијарди австралиски долари (4,4 милијарди д олари) во наредните четири години.

Дневните кориснички депозити не се сметаат за обврски, прецизира германската агенција „DPA“. Данокот нема да влијае на пензиските и осигурителните фондови.

Владата, исто така, воведува и нови надлежности на надзорниот орган на финансискиот сектор, како и нов систем за потрошувачки жалби.

Казните за лошо управување можат да достигнат 200 милиони долари за големите банки, а компаниите можат да бидат казнети ако не остваруваат надзор над активностите да високите менаџери.

Владата објави новите мерки по скандалите поврзани со лошото управување во финансискиот сектор, кое се појави во текот на последните неколку години, забележуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП