9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да создадете вработен по мерка

Како да создадете вработен по мерка

Проценката на работникот започнува веќе првиот ден откако ќе дојде на новото работно место. Вашиот процес на вработување не би требало да биде завршен додека пред себе немате вработен кој целосно му одговара на вашиот план.

Колку побрзо дефинирате кои се вашите очекувања од своите вработени, толку побрзо ќе имате попродуктивен тим кој го поддржува и потпомага растот на вашиот бизнис. Три неопходни чекори ќе ви го олеснат патот до продуктивен тим.

За почеток на своите вработени би требало да им дадете до знаење кои се вашите очекувања од нивната изведба на деловните задачи бидејќи кога јасно знаат што се очекува од нив тие тоа полесно ќе го остварат.

Секако потребно е да направете и таблица и да го следите напредокот на тимот во одредени задачи и напредокот кон целта која сте им ја задале.

Последно што треба да направите е да поставите точни мерила врз чиј темел ќе можете да го следите растот и подобрувањето или недостатокот на напредок кон целите. Тоа мерило ќе ви помогне во развојот на членовите на тимот на сите нивоа.

Создавањето на таа евиденција за подобрување ќе им го олесни на вработените процесот за прилагодување на задачите и ќе го забрза донесувањето на одлуки. Ваквите планови за развој најдобро покажуваат што вработените можат да направат со цел да растат и да се развиваат, да напредуваат, да бидат ценети и вие да бидете задоволни со нивната рбаота.

Вие сте тие кои можете да им помогнете на своите вработени да ги подобрат сите аспекти на заедничкиот деловен успех и однесување. Иако тоа е константен процес, треба да дефинирате временска рамка за постигнување на цели и нивоа на успешност кои сте им ја задале, а анализата на успешноста и пружањето на повратни информации за вработените треба да биде дел од вашиот неделен распоред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП