7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit ќе ја чини Грција до 0,8% од бруто домашниот производ

Brexit ќе ја чини Грција до 0,8% од бруто домашниот производ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе доведе до директни загуби за грчката економија, пресметува заменик-министерот за надворешни работи на нашиот јужен сосед, Јоргос Катругалос, цитиран од „EurActiv“.

Според него ефектот ќе биде во рамките од 0,4% до 0,8% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, односно меѓу 800 милиони евра и 1,6 милијарди евра.

Еден од најпознатите загубари ќе биде туристичкиот сектор. Пред парламентарната комисија за европски политики во грчкиот парламент Катругалос објасни дека во 2015-та година околу 2,4 милиони британски туристи ја посетиле Грција. Тие потрошиле речиси 2 милијарди евра за време на својот одмор.

Со излегувањето на Велика Британија од ЕУ бројот на туристите ќе се намали, а во целина приходите од нив во грчката економија ќе се намалат со меѓу 2,3% и 6,3%.

Велика Британија е еден од најголемите трговски партнери на Грција – околу 10% од извозот на земјата се насочени кон Островот. Трговијата меѓу двете земји ќе зависи во голема мера и од девизниот курс меѓу фунтата и еврото, посочува уште Катругалос.

„Во моментов се движиме во неистражени води и не сите механизми се разјаснети, за да имаме точна слика на влијанието“, коментира уште заменик-министерот пред пратениците. Тој увери дека владата ќе се обиде да избегне негативните ефекти за буџетот и да го задржи интересот на грчките студенти во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП