3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се лизнаа под 49 долари

Цените на нафтата се лизнаа под 49 долари

Цените на нафтата се лизнаа во понеделник на меѓународните пазари под нивото од 49 американски долари(УСД), бидејќи засиленото американско производство ги засени сигналите дека Организацијата на земји извознички ан нафта(ОПЕК) и одделни независни производители, би можеле да го продолжат периодот на намалено снабдување.

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна 37 центи на 48,73 УСД, додека на американскиот 30 центи на 46,92 УСД.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петок изнесувала 46,56 УСД, што значи дека паднала 88 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП