3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАR10 евтиниот телефон на BlackBerry

R10 евтиниот телефон на BlackBerry

c0dbcd0ab34911e2a65322000a1f935c-7

На интернет се појавија фотографии и спецификации за новиот паметен телефон на „BlackBerry“. Се уште ненајавениот уред ќе го носи називот „R10“, а се очекува да биде поевтина верзија на топ-моделот „Q10“.

Изгледот на уредот кој може да се види на сликата е традиционален за „BlackBerry“. Достапен е со 3.1-инчен екран во резолуција од 720 на 720 пиксели, а под него има целосна „QWERTY“ тастатура.

Овие две спецификации на „R10“ се исти како достапните кај „Q10“. Според гласините разликите меѓу овие два телефони ќе се во камерата, која ќе е 5MP наместо 8MP. Освен тоа евтинот „R10“ ќе има и намален простор, а исто така и батерија со помал капацитет. Сосема можно е и процесорот да е намален, затоа што кај „Q10“ е dual-core на 1.5 GHz.

При сите овие податоци за „R10“ можно е наскоро уредот и официјално да биде претставен. Веројатно овој паметен телефон на „BlackBerry“ ќе биде сместен во средната класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП