27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСегашните даночни правила во ЕУ не се прилагодени на дигиталната економија

Сегашните даночни правила во ЕУ не се прилагодени на дигиталната економија

Сегашните даночни правила во Европската унија (ЕУ) не се прилагодени на дигиталната економија, велат од Европскиот економски и социјален комитет* во публикација на нивниот веб-сајт. Правилата треба да бидат променети за да имаат европските граѓани подобра иднина.

„Дигиталната економија ќе зазема се поголем удел во нашите животи, посочуваат од институцијата. Во последните години на пример се забележува значителна промена во потрошувачката – таа станува дигитална и сè поголем дел од неа веќе минува низ мобилните телефони. Тоа ги менува бизнис моделите“, посочуваат уште од Комитетот.

Според експертите во институцијата мобилноста не е проблем, а корист, сегашното даночно законодавство може да го сопнува развојот на секторот. Правилата треба да бидат променети за да се реализира потенцијалот, коментира Кристер Анедерсон.

Според Џузепе Гери, еден од експертите по даночна политика во Европскиот економски и социјален комитет, вели дека Европа има потреба од повеќе обединет даночен систем, бидејќи економијата не е ограничена од териториите на земјите.

* Европскиот економски и социјален комитет е структура во рамките на ЕУ, која се дефинира себеси како „мост меѓу Европа и граѓанското општество“. Комитетот е формиран во 1958-ма година и негова главна цел е обезбедување на стручно мислење за главните европски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП