13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Постепеното закрепнување на музичката индустрија

График на денот: Постепеното закрепнување на музичката индустрија

2016-та година беше добра година за музичката индустрија, коментира „Statista“. Според последниот извештај „Global Music Report“ на „IFPI“ глобалните музички приходи за минатата година изнесуваат 15,7 милијарди долари, што е за 5,9% повеќе во однос на износот од 14,8 милијарди долари во претходната година. Ова покажува втор последователен раст на продажбата во музичката индустрија, по речиси две децении на постепен пад.

Интересно е дека се забележува преминување кон дигиталните формати, што од една страна го зајакнува падот, но од друга помогна да престане тоа намалување. Зголемување од 60% на приходите од музичкиот стриминг ги поддржал вкупните приходи на дигиталната музика до вкупно 7,8 милијарди долари во минатата година, со што ја компензира послабата продажба на компакт дискови и други физички музички формати.

Изгледа музичката индустрија е излезена од дното во 2014-та година, кога приходите биле на 20-годишен минимум од 14,3 милијарди долари, што е за речиси 10 милијарди помалку во споредба со 15 години порано. Сега како потрошувачите и индустријата веќе да прифатиле дека иднината на музиката е во дигиталната дистрибуција.

Според оценката на „IFPI“ бројот на платен претплатници на стриминг услуги достигна 97 милиони до крајот на 2016-та година, а засега не се очекува растот да престане. Пазарниот лидер „Spotify“ неодамна го одбележа 50-милионскиот претплатник, а „Apple“ исто така се надева да го надмине ова достигнување во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП