20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се уште не го „испеглаа“ почетниот пад

Германците се уште не го „испеглаа“ почетниот пад

Индустриските нарачки во Германија пораснаа во март втор месец по ред, но не во доволна мера за да се неутрализира остриот пад од почетокот на оваа година.

Индустриските нарачки во Германија во март пораснале за 1,0 проценти, според податоците на германската федерална статистичка канцеларија Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа е повисоко во однос на проценките на аналитичарите кои ги анкетираше агенцијата Фактсет од 0,4 проценти, но побавно во однос на растот од февруари од 3,5 проценти.

Домашните нарачки опаднале за 3,8 проценти, додека нарачките за германската стока од странство пораснале за 4,8 проценти. Нарачките од соседните членки на еврозонаната пораснале за 6,8 проценти.

Сепак, кога ќе се земе во обзир целокупниот прв квартал, индустриските нарачки опаднале за 1,0 проценти во однос на претходните три месеци.

„Индустрискиот сектор е во многу поволна економска ситуација. Тоа исто така може да се забележи преку далеку позитивната деловна доверба“, се наведува во соопштението на германското Министерство за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП