КОМПАНИИ

НЛБ Банка АД Скопје со висока добивка за првиот квартал од годинава

НЛБ Банка АД Скопје за периодот 01.01-31.03.2017 оствари нето добивка од 572.222 илјади денари и е повисока за 58,2% во однос на истиот период од 2016 година.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2017 година се повисоки за 3,8% споредено со истиот период од претходната година. Расходите по камати се пониски за 18,8%.

Нето приходите од провизии се повисоки за 0,8%, при што приходите од провизии се зголемени за 6,5%, како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, повисоки приходи од зголемениот број на корисници на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство, како и повисоки приходи од продажба на полиси. Расходите за провизии се повисоки за 19,6% главно поради повисоките расходи од провизии за меѓубанкарско порамнување од картично работење.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 71.710 илјади МКД и се повисоки за 40,1% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.009.256 илјади МКД и се повисоки за 5,0% во однос на истиот период од минатата година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 414.548 илјади МКД и се пониски за 0,8%.

Заклучно со 31.03.2017 беа издвоени Исправка на вредноста на финансиските средства, на нето основа во позитивен износ од 63.810 илјади МКД, што е помалку за 157,3% споредено со истиот период од минатата година, што соодвествува на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.