25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел му понуди помош на Макрон за намалување на невработеноста

Меркел му понуди помош на Макрон за намалување на невработеноста

Германија сака да му помогне на новиот француски претседател Емануел Макрон, во борбата против невработеноста во таа земја, соопшти германската канцеларка Ангела Меркел.

„Би сакала да помогнам, посебно на планот на намалување на стапката на невработеност во Франција“, рече Меркел на прес конференција во Берлин.

Коментирајќи ја пораката на Макрон од претседателската кампања според која Германија, преку зголемување на увозот, би требало да им помогне на останатите европски земји, Меркел одговори дека дел од суфицитот од извозот е поврзан со квалитетот на производот, а вториот дел со мерките на Европската централна банка(ЕЦБ), на кои не може да се влијае.

„Зголемувањето на платите сега го надминува растот на продуктивноста и доколку ги погледнете прогнозите, суфицитот благо ќе падне во следните години“, наведе Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП