19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Комерцијална Банка АД Скопје предводеше на Македонската берза

Акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје предводеше на Македонската берза

На Македонската берза акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје предводеше пред останатите по обемот на тргување.

Во текот на понеделникот беше истргувана количина од 18.145 акции од оваа компанија, по просечна цена од 2.510 денари по акција и остварен промет од 45,5 милиони денари.

Поголем интерес имаше и за акцијата на Македoнски Телеком АД, со чии акции беше остварен промет од околу 1,3 милиони денари и истргувана количина од 5.167 акции.

Над милион денари имаа промет и акциите на Бетон АД Скопје 1,07 милиони денари како и обврзницата за денационализација РМДЕН15 со промет од 14,08 милиони денари и РМДЕН14 со промет од 5,58 милиони денари.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст на вредноста од 0,14%, и изнесуваше 2.189,90 индексни поени, индексот ОМБ пак денот го заврши со раст на вредноста п 0,34%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП