10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei трие раце, скокна продажбата на телефоните

Huawei трие раце, скокна продажбата на телефоните

Компанијата „Huawei“ во текот на првиот квартал од 2017 година продала вкупно 34,55 милиони паметни телефони, или за 21,6 проценти повеќе во однос на претходната година.

Уделот на „Huawei“ на светскиот пазар дополнително порасна на 9,8 проценти, со што е зацврстена неговата положба меѓу трите најголеми производители на смартфони во светот, соопштија од кинеската компанија.

„Huawei“ во првиот квартал од тековната година забележала раст на продажбата во 52 држави, поголем од 50 проценти во однос на претходната година, од кои во 32 земји продажбата е зголемена и за 100 проценти.

Во Кина и Европа продажбата на „Huawei“ паметните телефони го задржала силниот раст од 20 и 15 проценти, респективно. Истовремено продажбата на телефони во Југоисточна Азија и Јужниот Пацифик скокнала за повеќе од 70 проценти.

Според податоците на GFK, на глобалниот пазар за луксузни телефони поскапи од 500 долари, „Huawei“ во февруари 2017 година имала удел од 9,7 проценти, а во девет земји достигнала удел од 10 проценти, вклучувајќи ги Кина, Шпанија, Италија, Тајланд, Малезија, Јужноафриканската Република, Полска и останатите клучни пазари, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП