17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА48-часовен штрајк на грчките морнари ги вкотви бродовите

48-часовен штрајк на грчките морнари ги вкотви бродовите

Бродовите во Грција остануваат вкотвени во понеделникот и вторникот на пристаништата поради 48-часовен штрајк, свикан од синдикатот на грчките морнари, објави „Катимерини“.

Морнари протестираат против социјалните реформи и промените на пазарот на труд, за кои инсистираат меѓународните кредитори на Грција.

Претседателот на парламентот Никос Вуцис денеска соопшти дека новите мерки за штедење ќе бидат изгласани од парламентот на 18-ти мај, пишува уште весникот „Катимерини“.

Вуцис изрази очекување сите 153 пратеници од коалицијата СИРИЗА – Независни Грци да ги поддржат мерките во парламентот.

На 2-ри мај Грција и нејзините меѓународни кредитори постигнаа договор за пакетот реформи предвидени во спасувачката програма на земјата. Таа предвидува реформи на пазарот на труд и во сферата на енергетиката, како и намалување на пензиите и зголемување на даноците. Договорот стави крај на шестмесечната блокада на преговорите меѓу Атина и кредиторите и отвори пат кон доделување на следната транша од спасувачкиот договор.

Еврогрупата го поздравува претходниот договор, но истакна дека таа ќе може да се произнесе по условите за доделување на следната транша „дури откако Грција ќе гласа за воведување на мерките за штедење“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП