4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган сака зона за слободна трговија меѓу Турција и земјите од Заливот

Ердоган сака зона за слободна трговија меѓу Турција и земјите од Заливот

Анкара се стреми да ги зајакне економските и воените односи со нафтените монархии од Заливот, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи го како пример проектот за зона за слободна трговија.

Во интервјуто објавено од кувајтската новинска агенција „KUNA“, Ердоган, кој утре планира да направи еднодневна официјална посета на Кувајт, додава дека неговата земја утврдила „стратешки дијалог на високо ниво“ со шесте членки на Советот за соработка во Заливот (ССЗ) пренесоа светските агенции.

Овој Совет ги обединува Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар. Во моментов се водат преговори за договор за изградба на зона за слободна трговија, истакнува Ердоган.

Трговската стокова размена меѓу Турција и ССЗ во моментов е близу 17 милијарди долари годишно (15,5 милијарди евра), во споредба со 1,7 милијарди долари (1,5 милијарди евра) во 1999-та година.

За време на посетата Ердоган и Емирот на Кувајт, Шеик Сабах ал Ахмад ал Џабер ас Сабах се очекуваат да даде почеток на активностите за проширување на аеродромот во Кувајт. Овој проект е во вредност од 4,3 милијарди долари (3,9 милијарди евра) и се извршува од турската компанија „Limak Holding“.

По спроведувањето на проектот, кој е најголемиот, кој го изаработува турска компанија во Кувајт, капацитетот на аеродромот треба да се зголеми до 25 милиони патници.

Во моментов шест турски компании работат на 30 проекти во Кувајт, во вкупна вредност од 6,5 милијарди долари, посочи Ердоган.

Над 280 кувајтските компании се присутни во Турција, каде Кувајтските инвестиции изнесуваат 1,7 милијарди долари од 2002-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП