ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдукативни обуки за средношколците за превентивна заштита од пороци

Едукативни обуки за средношколците за превентивна заштита од пороци

Во средните училишта во Градот Скопје од денеска до 15 мај ќе се организираат едукативни работилници за превенција и заштита од употреба на дрога, алкохол и цигари, на трета и четврта година.Проектот ќе го спроведе ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“.

„На едукативните работилници, со времетраење од еден училиштен час, здравствените работници ќе зборуваат со учениците за превенција и заштита од употреба на дрога, алкохол и цигари“, рекоа од ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“.

Од годинава во реализацијата на едукативните работилници се вклучени и учениците од приватните средни училишта од Скопје. Активностите се во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје, кои во делот на едукатвните работилници ќе се приклучат на здравствените работници, како дел од кампањата „Безбедност во сообраќајот“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП