17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот повторно руши рекорди

Биткоинот повторно руши рекорди

Вредноста на дигиталната крипто-валута Биткоин оваа недела ја мина магичната граница од 1.500 долари.

Ова е голем успех на концептот на дигитални валути во целина.

Минатата недела Биткоинот порасна на над 1.400 долари што исто така е забележано како соборување на рекорд.

Сепак, тоа ќе падне во заборав затоа што вредноста на крипто-валтутата во саботата се искачи до 1.534 долари.

Вредноста на валутата од 1.500 долари значи дека вкупната сума на Биткоинот изнесува повеќе од 40 милијарди долари.

Потсетуваме, Биткоинот во почетокот на 2017-та година ја мина магичната линија поставена на 1.000 долари, а во февруари е соборен рекордот поставен во 2014-та година кога максималната вредност беше 1.165 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП